
На 28.10.2026 во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово ги лишија од слобода А.А.(32) од село Чалакли, валандовско и С.С.И.(34) од село Ѓопчели, валандовско.

Врз основа на судска наредба биле извршени претреси на домот на А.А. во Валандово и патничко возило „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на С.С.И., а кое го користел А.А., при што во возилото била пронајдена бела прашкаста материја.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.


