
Прес-конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,
Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат.
Филипче во време на КОВИД кризата постилаше црвени килими за да пречека мала бројка на вакцини донирани од Вучиќ и со хвалоспеви да го поздравува. Сето тоа се случуваше затоа што Филипче сакаше да направи ќар од набавка на вакцини во Македонија. Во продолжение, да го погледнеме и видеото од истото.
Почитувани,
Заев на руски пранкери кажуваше лоши зборови за Вучиќ, па од кога тој повик излезе во јавноста му се извинуваше на самиот Вучиќ и велеше дека тоа што го говорел за него не било така. Понизно и со свиткана кичма. А потоа го пречекуваше на гранични премини, му се заблагодаруваше и го величаше на секој можен начин. Да го проследиме и тоа видео.
Почитувани,
За Ковачевски мислам дека не треба да говориме, тој беше главниот другар на Вучиќ со кого пееја и пиеја до раните утрински часови. Секако за Република Македонија придобивка немаше од истото. Да го погледнеме и третото видео.
Почитувани граѓани,
Српскиот свет во Македонија го промовираа Заев, Филипче и Ковачевски.
Го промовираа и бугарскиот и рускиот, само не македонскиот. Затоа и граѓаните не им даваат доверба. Прочитани се.


