Утрински Весник
Македонија

Пронајдени осум лица мигранти, уапсен криумчар од Албанија

Migrantimvr.jpg

На 27.10.2026 во 12:35 часот на регионалниот пат Демир Капија-Неготино, во близина на место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода П.М.(40) од Албанија. При контрола во патничко возило ,,фолксваген туран“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти, од кои двајца малолетници, по нивно кажување од Авганистан. 

Тој бил задржан во Полициската станица Неготино, а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Се запалил бојлер во барака на „Стив Наумов“, студентите биле евакуирани

МЗ: Вакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за сите

Египетски државјанин крадел во хостел во Охрид