Утрински Весник
Балкан

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО БЕЛГРАД: Убиен малолетник

Screenshot 2026 10 28 094549.jpg

Малолетник од Шабац синоќа, петнаесет минути по полноќ, со два ножа нападнал припадник на српската Жандармерија кој го обезбедувал објектот на Амбасадата на Израел во Белград. Полицискиот службеник возвратил во самоодбрана и го усмртил напаѓачот, додека самиот се здобил со повреда на лицето, пренесува Telegraf.rs.

Српските власти го третираат инцидентот како терористички напад, а по случувањето во целата земја е прогласено највисоко, црвено ниво на терористичка закана.


Според информациите од Министерството за внатрешни работи на Србија, напаѓачот при нападот извикувал „Алаху Акбар“ и со два ножа се обидел да го повреди полицискиот службеник.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјавил дека напаѓачот им бил познат на безбедносните служби и дека постоеле сознанија за неговата поврзаност со екстремистичка идеологија.

„Тој е поддржувач на Исламска држава. Нашата служба го следеше. На својот профил на Инстаграм имаше објавено црно знаме и симболи на таа организација“, изјавил Дачиќ, пренесува РТС.

По нападот, безбедносните мерки во Србија се значително засилени. Вооружени полициски патроли се распоредени на повеќе јавни локации, вклучително и трговски центри, железнички и автобуски станици, аеродроми и дипломатски претставништва.

Министерот Дачиќ и директорот на полицијата Драган Васиљевиќ го посетиле повредениот припадник на Жандармеријата во болница. Според соопштените информации, неговата здравствена состојба е стабилна и се очекува да биде пуштен на домашно лекување.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за околностите на нападот и евентуалните врски на напаѓачот со екстремистички организации.

Можете да прочитате

Малолетник со нож сакал да упадне во израелската амбасада во Белград, полицијата го усмртила

Прво интервју на Вучиќ по поразот: Ова е ноќна мора, но Србија ќе се разбуди

Бериша најави национален протест за 31 октомври како поддршка за студентите кои протестираат