Утрински Весник
Свет

Бројот на милионерите во Холандија расте поради цените на становите

Holandija 1.jpg

Околу 547 илјади домаќинства (6,6 проценти) во Холандија имаат средства во вредност од најмалку 1 милион евра, соопшти денеска Централното биро за статистика според податоците за 2025 година.

Зголемувањето во споредба со претходната година изнесува 81 илјада. Ова главно се должи на порастот на цените на становите.


Просечното домаќинство на милионер располага со средства во вредност од 1,5 милиони евра. Две третини од домаќинствата на милионери имаат средства во вредност меѓу 1 и 2 милиони евра. Една четвртина од нив имаат средства во вредност меѓу 2 и 5 милиони евра. Помал дел, 3 проценти, имаат средства во вредност од 10 милиони евра или повеќе.

Во 2025 година милионерите биле на просечна возраст од 61 година. Нешто помалку од 3 проценти од милионерите се на возраст под 35 години, а речиси 70 проценти се на возраст од 55 години или повеќе.

Вкупно 39 проценти од богатството на милионерите се состои од значителни деловни удели (поседување најмалку 5 проценти од акциите на одредена компанија) и деловни средства, додека кај немилионерите овој удел изнесува 3 проценти. Вредноста на сопствените станови на богатите претставува 29 проценти од нивните средства.

Во градовите Блумендал и Ларен живее релативно голем број милионери: речиси две од секои пет домаќинства се милионерски.

Можете да прочитате

Израелските медиуми со различни резултати од излезните анкети за парламентарните избори

Во Конго регистрирани повеќе од 10.000 случаи на ебола – најбрзо растечка епидемија на болеста во историјата

САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија