
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денеска изјави дека 1.435 лица се приведени за време на протестите во Франција овој викенд, како и дека полицискиот час ќе продолжи да биде на сила во одредени градови и региони низ целата земја, со оглед на тоа што, како што процени, поради социјалното незадоволство, ситуацијата нема значително да се промени во наредните денови.

Нуњез изјави за BFMTV дека 267 полицајци биле повредени, претежно полесно, како и повеќе од 250 демонстранти за време на протестите во Франција во текот на викендот.

Тој изјави дека француските власти успеале да ги држат под контрола протестите што се одржаа низ цела Франција во саботата и дека „не е регистриран никаков сериозен инцидент“.

