Утрински Весник
Балкан

Вкупно 352 Бугари во Македонија гласале на изборите за претседател на Бугарија – најмногу за двојката Јотова и Влчев

20261026105551 big 730x400 21.webp.webp

Вкупно 352 бугарски државјани гласале на седумте избирачки места отворени на територијата на Македонија на вчерашните избори за претседател и потпретседател на Бугарија, а најголем број гласови освоила кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев, соопшти бугарската Цнетрална изборна комисија. 

Избирачки места беа отворени во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Кочани и Прилеп.


Претседателската двојка Илијана Јотова и Кирил Валчев освои 40,7 отсто од гласовите, Андреј Ѓуров и Георги Кандев се на второто место со 25,6 отсто од гласовите, додека Костадин Костадинов и Петар Волгин освоија 14,5 отсто.

Идниот претседател и потпретседател на Бугарија ќе се знаат по вториот круг на 1 ноември, а бугарските граѓани ќе избираат меѓу претседателските двојки Јотова – Влчев и Ѓуров – Кандев.

Според обработените 95,29 отсто од записниците на национално ниво, двојката Јотова-Влчев има освоено 34,60 отсто од гласовите, додека двојката Ѓуров-Кандев има освоено 32,04 отсто.

Можете да прочитате

Уапсени над 50 лица во Грција за даночни измами преку познат синџир пекарници

Реакции по победата на Студентска листа на парламентарните избори во Србија

Србија: „Студентската листа“ ја прекина 14-годишната власт на СНС и освои апсолутно мнозинство