
Соопштение на ЛДП:
Најостро реагираме на новиот бран поскапувања на горивата кои се очекуваат уште вечерва, додека власта комотно набљудува како се уништува економијата и се празнат џебовите на граѓаните и бизнисите. Цените на горивата растат поради војната во Блискиот Исток во која Македонија воопшто не учествува, но оваа влада за разлика од сите европски земји не сака да каже дека војувањето води до лудо зголемување на цените кои го уриваат стандардот и директно го осиромашуваат народот. За Либерално-демократската партија (ЛДП) и за народот популистичката манипулација е прочитана приказна на оваа влада која докажува дека нема ни знаење ни капацитет да се справи со руинираната куповна моќ на македонскиот граѓанин. Срамота!
Ако владата е толку неспособна сама да понуди решение, барем нека ја послуша ЛДП и веднаш да ги усвои итните мерки за заштита: бараме итна имплементација на предлогот на ЛДП за поврат на ДДВ за горивата ексклузивно за македонските граѓани и домашни бизниси, а не за транзитерите и соседите. Крајно време е функционерите да излезат од комфорната зона на своите фотелји и да се прошетаат меѓу народот по градовите, селата, нивите, фабриките, меѓу младите, пензионерите и работниците – да видат дека со овие цени се живее прескапо!
И за крај, упатуваме јасна препорака до сите граѓани: искористете го времето и купете гориво уште вечерва пред да стапат на сила новите поскапувања утре, бидејќи оваа власт нема да ви го полни празниот џеб! ЛДП порачува дека не смее да се дозволи народот да биде жртва на функционерска некомпетентност.


