Утрински Весник
Свет

Русија погодила товарен брод што пловел кон Одеса, шестмина повредени во напади врз Украина

Crno more 1.webp.webp

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили погодиле товарен брод што пловел кон украинското пристаниште Одеса, додека украинските власти соопштија за шест лица повредени во последните руски напади врз Украина.

Според руското МО, бродот превезувал воен товар наменет за украинската војска. Погодени биле и инфраструктурни објекти на пристаништето Черноморск, електроцентрала во Харков, складиште во регионот, каки и електроцентрала во Хмелницката област.


Украинскиот регионален гувернер, Михајло Семикин, преку „Телеграм“ соопшти дека во рускиот напад врз украинскиот град Запорожје, на југоистокот на земјата, извршен во текот на ноќта, биле повредени четири лица.

Уште две лица биле повредени во руските напади врз Черниговската област, соопшти украинската Служба за вонредни ситуации.

Можете да прочитате

Трамп ја повтори својата поддршка за Нетанјаху пред изборите во Израел

Лула да Силва освои четврти претседателски мандат во Бразил, Болсонаро одбива да го признае поразот

ЕУ сè уште зависи од руските енергетски извори