Утрински Весник
Балкан

Маскирани напаѓачи со палки и факели нападнаа млади луѓе пред избирачко место во Панчево

Screenshot 2026 10 25 141931.webp.webp

Група маскирани лица нападнаа млади луѓе пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што денеска се одвива гласање на вонредните парламентарни избори во Србија. Според објавените медиумски извештаи, во нападот биле употребени палки и запалени факели.

На снимките што се проширија на социјалните мрежи се гледа како напаѓачите, од кои дел носат качулки, капи и маски преку лицето, напаѓаат друга група момчиња. Според Нова.рс, на снимка објавена од локалниот медиум ПАНпрес се гледа најмалку еден од нападнатите со крв на лицето.

Локалниот портал 013инфо побара информации од Полициската управа во Панчево, од каде што потврдиле дека на местото е испратена полициска единица.


Можете да прочитате

РИК: 34,55 проценти од гласачите во Србија гласале до 12 часот

Со огради и автомобили блокирани улиците околу седиштето на Изборната комисија во Белград

Адвокатка тврди: Триесетина лица упаднале на избирачко место во Србија и ги нападнале присутните