Утрински Весник
Балкан

Со огради и автомобили блокирани улиците околу седиштето на Изборната комисија во Белград

1792919034 vld 5339 copy 2.format avif.width 1200.jpg

Во центарот на Белград, во близина на седиштето на Републичката изборна комисија (РИК), денес беа поставени заштитни огради, а некои улици беа затворени за сообраќај. Присутна е и полиција, додека возилата на јавниот превоз сообраќаат по изменети рути.

Според репортерот на ФоНет, сообраќајот е во прекин во делот од улицата Крал Милан, од раскрсницата во близина на Лондон кон Теразија, каде што се поставени заштитни огради.


Огради се поставени и на Теразија, а блокиран е и преминот на возила од правец на Теразија кон улицата Крал Милан.

Поради затворањето на улиците, променети се трасите на одредени градски транспортни линии на потегот од Славија до Теразија.

Можете да прочитате

Адвокатка тврди: Триесетина лица упаднале на избирачко место во Србија и ги нападнале присутните

Огромна излезност во Србија, до 9 часот гласале 12% од избирачите

(Видео) Вучиќ чекаше да гласа на своето избирачко место