Утрински Весник
Економија

Левица: Владата се откажува од гасификацијата – две милијарди денари скратени со ребалансот

Levica.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Со најновиот предлог-ребаланс на буџетот средствата за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се намалуваат за речиси 2 милијарди денари. Најголемото кратење е кај гасификацијата, област од која се очекува да придонесе за посигурно снабдување и подостапна енергија. За власт што ја истакнува својата стручност во енергетиката, ваквата одлука покажува всушност колку нивната стручност е непостоечка и несериозна. 


Од планираните 1.897.020.000 денари за гасификација остануваат само 12.020.000 денари. Намалувањето изнесува 99,4%, што практично ја сведува оваа буџетска потпрограма на минимум. За 2027 и 2028 година се проектираат по 64,2 милиони денари годишно. И тие износи се далеку под досегашниот план за 2026 година, па оправдано е прашањето со каква динамика ќе продолжат предвидените активности. 

Од Владата и Министерството се очекува да покажат како оваа лицемерна одлука се вклопува во нивните енергетски планови. Ако гасификацијата останува приоритет, тоа мора да се види во обезбедените средства, роковите и реализацијата. Нема изградба без пари, нема инфраструктура без инвестиции, а нема сериозна енергетска политика со буџетски ставки што се бришат за 99,4%. 

Министерката Сања Божиновска не може истовремено да зборува за развој на енергетиката и да молчи додека Владата го кастрира буџетот за гасификација. ДПМНЕ треба да каже што се случи со планираните 1,8 милијарди денари и зошто се откажува од инвестициите во гасификациската инфраструктура. Граѓаните плаќаат за оваа држава да гради инфраструктура, а не за Владата секоја година да ги прецртува сопствените планови.

Можете да прочитате

СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија

УЈП започна контроли на приливите од странство остварени во текот на 2021 година

Вештачка интелигенција и истражувања од воздух: Шпанија бара нови минерални богатства под земјата