Утрински Весник
Македонија

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

1573668749ohrid Gradot Na Svetlinata 1 1000x520 Pad.jpg

СВР Охрид ја известува јавноста дека, припадници на резервниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 25.10. 2026 година (недела) со почеток од 08 часот, на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе спроведат вежбовно гаѓање со боева муниција.

Пред почетокот на вежбовните активности, ќе бидат преземени соодветни безбедносни активности со теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето, со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинско обезбедување на боевото гаѓање ќе вршат екипи на ЈЗУ „Здравствен дом” од Охрид.


Упатуваме апел до граѓаните кои се движат на подрачјето каде се наоѓа стрелиштето, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.

Можете да прочитате

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“