
Дербито на 11. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Вардар одиграно попладнево во Гостивар заврши нерешено 0:0.
Натпреварот го одбележаа трите поништени гола поради офсајд, еден на Шкендија во првото полувреме и два на Вардар во самиот финиш на мечот.
На првиот денешен натпревар, Струга ТЛ го победи Скопје со 4:0.
Вчера, Силекс – Шкендија Арачиново 2:0.
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите:
Арсими – Брегалница и
Тиквеш – Башкими.

Води Шкендија со 24 бода, Струга има 23, Вардар е трет со 21 бод. Следуваат: Тиквеш 17 бода, Силекс 16, Шкендија Арачиново 14, Брегалница 10, Арсими 10, Башкими 7, Скопје 3.


