Утрински Весник
Балкан

Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

Image 2026 10 24 165754821.png

Приврзаниците на албанската Демократска партија денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а во текот на собирот пред тоа министерство, каде е најавен и протест на студентите, демонстрантите запалија контејнери.

Полицијата интервенираше со воден топ за да ги растера насобраните демонстранти.


Претходно, поддржувачи на Демократската партија запалија столици пред зградата на Владата на Албанија. Столиците ги поставил албанскиот премиер Еди Рама како покана за дијалог со студентите.

Можете да прочитате

Познат бугарски бизнисмен убиен во Софија

Самит ЕУ- Западен Балкан на 25 ноември во Брисел

Турција е биде домаќин на регионална средба за конфликтите на Блискиот Исток и во Украина