Утрински Весник
Македонија

Уапсен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч

Lisen od sloboda srpski drzavjanin na gp tabanovce upravuval vozilo so brzina od 166 kmc na mestot kade brzinata e ogranicena na 80 kmc image.jpg

На 23.10.2026 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Имено, на 15.07.2026 на автопатот Гевгелија – Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Можете да прочитате

Уапсен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено

Петровска: Одбиен посредник за хеликоптерите денес е неформален советник на Мисајловски

Фалсификувани 98.500 евра во поставата на јакната – млад Македонец фатен во Бугарија