Утрински Весник
Македонија

Цветаноски: Ниту еден месец не издржа студентскиот „Стив Наумов”- влага по реконструкцијата од 10 милиони

Image 2026 10 23 113544838.png

Бојан Цветаноски, потпретседател на СДММ

Ни еден месец не издржа реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов”!


Влага, вода што протекува од сите страни, нема греење, нема топла вода!

Нели „Стив” ќе беше хотел од А-категорија?

Вака ли изгледа хотел од А-категорија, со прокиснати соби и влага по ѕидови?

Се потрошија 10 милиони, а наместо подобри услови, студентите немаат ниту основни услови за живот!

За што се потрошија милионите? Каде завршија парите? Повторно во сомнителни партиски тендери?

Очигледно, поважно е да се набават автомобили на лизинг, отколку обезбедување достоинствени услови за студентите. 

Двојно ја зголемивте партиципацијата за сместување. За што студентите плаќаат 6.600 денари месечно? За прокиснати соби и мизерни услови?

Веќе не можете да ги лажете студентите!

Бараме итно одговорност.

Проверка, објавување на сите трошоци и договори и утврдување одговорност!

За секој потрошен денар мора да има отчет. 

На денот на ВМРО ова е порака од младите до арамиите на власт: ќе одговарате!

Можете да прочитате

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври

Мицкоски: Свои на своето, со корен во минатото и со верба во иднината

Нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит, приведени две лица од Куманово