Утрински Весник
Македонија

Петровска: Силата на СДСМ е во членството, а не во раководните позиции

Img 6516.jpeg

СДСМ не смее да се поистоветува со актуелното раководство и со тесен круг луѓе во партиската централа, порача Славјанка Петровска во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Таа нагласи дека партијата ја сочинува целото членство, вклучително и оние членови кои со години се занемарени и оддалечени од одлучувањето.

Петровска ова го изјави одговарајќи на забелешките дека членовите на иницијативата за промени заборавиле кој им овозможил да се најдат на пратеничките листи и да добијат мандати.


„Апсолутно, ама партијата не е раководството и не се тие 5-6 луѓе кои што седат во централата. СДСМ е целото членство“, истакна Петровска.

Таа посочи дека во партијата припаѓаат и активните членови и оние чиј глас, според неа, со години останувал настрана од внатрепартиските процеси. Нејзината порака е дека улогата на членството не може да се сведе само на поддршка на одлуките на раководството, туку треба да подразбира и учество во нивното носење.

Според Петровска, силата на политичката организација произлегува од луѓето што ја поддржуваат и дејствуваат во неа, а не само од носителите на раководните функции.

Со овие ставови таа ја нагласи потребата од поголема вклученост на членството во одлучувањето за насоката на СДСМ, во контекст на барањата за промени и демократизација на партијата.

Можете да прочитате

Петровска: Граѓаните заминуваат, власта не прави исчекор кон ЕУ

Петровска: Доставивме барања за реформи во СДСМ, а за помалку од еден час добивме циничен одговор

Петровска: Останувам во СДСМ и продолжувам да барам промени на раководството