Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: 24 лични асистенти во училиштата во Центар, платата покачена од 15.000 на 18.000 денари

Whatsapp image 2026 10 22 at 09.47.18.jpeg

Општина Центар ангажира 24 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите”. Од оваа година, месечниот надоместок за нивниот ангажман  се зголемува од 15.000 на 18.000 денари.

Личните асистенти работат 20 часа неделно и им помагаат на учениците полесно да се приспособат на училишната средина и да учествуваат во образовниот процес.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека инклузивното образование не смее да остане само на декларативни заложби, туку мора да се поткрепи со конкретна поддршка за децата на кои им е потребна. Тој нагласи дека, додека Министерството за образование се соочува со проблемот со недостигот од образовни асистенти, Центар продолжува самостојно, од сопствен буџет да вложува средства и обезбедува поддршка за учениците.

„Не е доволно власта да зборува за инклузивно образование ако на терен сè уште има недостиг од стручни лица во оваа област  Поддршката мора да биде реална, достапна и континуирана. Ние сме единствена општина  што самостојно, од сопствениот буџет, го спроведува проектот „Образование за сите”. Не чекаме проблемите да се решат сами, туку преземаме конкретни чекори за учениците да ја добијат потребната поддршка. Годинава го зголемуваме и надоместокот за личните асистенти затоа што го цениме нивниот ангажман и значењето што го имаат за децата, родителите и наставниците”, порача Герасимовски.

Можете да прочитате

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради атлетска трка

Герасимовски на PARkon 2026 во Белград: Со размена на искуства до подобри решенија за паркирањето

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“