Утрински Весник
Македонија

На Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство

Mihailova.jpg

Основното јавно обвинителство Кочани донесе решение со кое на Ива Михаилова, да и се суди во отсуство, бидејќи таа не е достапна на државните органи.

Таа е обвинета за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.


Како што се наведува во соопштението од обвинителството, следното судско рочиште за случајот на И.М. е закажано за 9 ноември 2026 година во 9 часот.

Неодамна, основното јавно обвинителство- Кочани побара притвор за Ива Михаилова откако таа на 12 октомври се појави во Софија, додека против неа има активна судска забрана за напуштање на земјата поради судски процес против неа за сообраќајна несреќа со смртни последици. Во несреќата и Михаилова е меѓу повредените.

За неа судот имаше изречено и други мерки: забрана за напуштање и на државата и на родниот град Кочани, обврска повремено да се јавува во кочанскиот суд, а одземени и се и двата пасоши- македонскиот и бугарскиот.

Македонското МВР претходно соопшти дека таа нелегално излегла од Македонија и нелегално влегла во Бугарија. И бугарските институции излегоа со тврдења дека не знаат како влегла во Бугарија.

Можете да прочитате

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал