Утрински Весник
Македонија

Приведен 40-годишник кај Ќафасан, затекнат со околу еден килограм марихуана

Marihuanazap.jpg

На 21.10.2026 година во 20:50 часот, во близина на граничниот премин Ќафасан, на подрачјето на Струга, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, го лишиле од слобода Б.Б. (40) од Гостивар.

При преземање мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, лицето било затекнато со црна вреќа во која имало околу еден килограм марихуана.


За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга.

По целосно документирање на случајот, Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава против лицето.

Можете да прочитате

Петровска: Тој што сакаше да посредува за хеликоптерите сега е советник на Мисајловски, ништо чудно да комуницира и со Филипче

Четворица повредени во сообраќајка во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари