
Илјадници студенти и наставници денеска протестираа во повеќе грчки градови барајќи повеќе пари за образованието, подобри услови во училиштата и факултетите.
Според податоци на грчката полиција околу 10.000 луѓе, од кои најмногу ученици и студенти мирно протестираа во Атина и нејзините предградијата. Тие изразија солидарност со демонстрантите во Франција и другите европски држави, каде се протестира поради зголемените трошоци за живот и влошените услови во образованието.
„Од Грција до Франција сакаме јавно и бесплатно образование“ скандираа демонстрантите пред грчкиот Парламент.
Грците со години се соочуваат со бавен раст на платите, високите станарини и се поголемите сметки за енергија.

