Утрински Весник
Спорт

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ

Ffm.jpg

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки по натпреварите од 10. коло во Прва и 8. коло во Втора МФЛ, меѓу кои дисциплински постапки против два клуба и клупски функционер, како и казни за четворица фудбалери.

Поведена е дисциплинска постапка против ФК Шкендија Арачиново 77 поради слаба организација на натпреварот од 10. коло на Прва МФЛ против ФК Струга Трим Лум, односно поради присуство на неслужбени лица во службените простории. Дисциплинска постапка е поведена и против Сулејман Алими, извршен директор на ФК Шкендија Арачиново 77, поради вербален напад и упатени закани кон судиската четворка по истиот натпревар.


Дисциплинска постапка е поведена против ФК Камјани поради слаба организација на натпреварот од 8. коло на Втора МФЛ против ФК Кожуф.

Воедно, Дисциплинската комисија изрече и суспензија за настап на четворица фудбалери: Мартин Тодоров (ФК Шкендија Арачиново) – суспензија од 2 натпревари; Дарко Денков (ФК Детонит) – суспензија од 2 натпревари; Енис Дервиши (ФК Камјани) – суспензија од 3 натпревари; Давид Ристовски (АП Брера Струмица) – суспензија од 1 натпревар.

Можете да прочитате

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка