Утрински Весник
Балкан

Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус

Slovenija.webp.webp

Сите вработени во Словенија годинава ќе добијат задолжителен божиќен бонус, кој не може да биде помал од 740,94 евра.

Со воведувањето на така наречениот зимски бонус, божиќниот бонус стана задолжителен за сите работодавачи во Словенија. Износот е поврзан со минималната бруто-плата, која во 2026 година изнесува 1.481,88 евра, а зимскиот бонус е утврден на половина од тој износ.


Работниците кои ја поминале целата година кај истиот работодавач со полно работно време имаат право на минимум 740,94 евра. На оние кои работеле со пократко или скратено работно време им се исплаќа пропорционален дел. Работодавачите мора да го исплатат бонусот во најдоцна до 18 декември.

Можете да прочитате

Србија: Приведени пет лица под сомнение дека планирале насилство во Белград на изборниот ден

Масовни апсења во Нови Сад поврзани со изборите в недела

Вучиќ: Трета светска војна е неизбежна