
Главниот поштенски центар – ГЦПС Скопје 2 продолжува со работа откако е надминат прекинот во работењето на 19 и 20 октомври, предизвикан од прекин на напојувањето со електрична енергија поради поплава.
Како што информираат од АД Пошта, прекинот бил вонреден технички настан и не бил резултат на планирана активност или намера за ограничување на обезбедувањето на поштенските услуги.
Од таму им се заблагодаруваат на корисниците за разбирањето.



