Утрински Весник
Македонија

Сонце претпладне, облаци и услови за дожд попладне: Денеска температури до 23 степени

Vreme 1.webp.webp

Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска, среда, 21 октомври. Во попладневните часови ќе има услови за слаб локален дожд, најпрво во крајните западни делови, а потоа и на други места низ Македонија.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а највисоката дневна температура ќе достигне до 23 степени.


Во Скопје утрото ќе биде посвежо, со температура околу 8 степени. Во текот на денот ќе се зголемува облачноста, а во раните попладневни часови е можен краткотраен дожд. Максималната температура ќе достигне околу 22 степени. Во вечерните часови постепено ќе се намалува и доцна навечер ќе изнесува околу 14 степени.

Променливото време ќе продолжи и утре, кога попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд. На одделни места врнежите може да бидат пообилни и проследени со грмежи, додека во петок се најавува и засилен северен ветер.

Можете да прочитате

ВЛЕН: За првпат, тетовската библиотека добива универзитетски статус

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје – се судриле „мерцедес“ и „ауди“

Тешка сообраќајка вечерва кај мостот „Беласица“ – две екипи на Итната помош на терен