Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка вечерва кај мостот „Беласица“ – две екипи на Итната помош на терен

Img 6455.jpeg

Сообраќајна несреќа се случила вечерва кај мостот „Беласица“ во Скопје, во близина на Железничката станица. Според „Независен“, на местото се присутни полиција и две возила на Итната медицинска помош.

Според првичните информации на медиумот, во несреќата учествувале „фолксваген пасат“ и „хјундаи“. „Пасатот“, кој се движел од мостот кон Железничката станица, по судирот завршил во бетонската ограда покрај столбовите на станицата.


Околностите под кои дошло до судирот засега не се официјално потврдени.

Поради несреќата се создал сообраќаен метеж, а движењето на возилата на мостот е отежнато. Засега нема информации за здравствената состојба на учесниците.

Можете да прочитате

Сообраќајка на мостот во Аеродром – мотоциклист повреден

Герасимовски: Катастрофална е состојбата во државата, но никој не собира храброст за протест

Герасимовски: ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не знае да ја води државата