Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Го разбирам незадоволството на ,,платформатаʼʼ, предлозите треба да се дискутираат во партијата

Img 6434.jpeg

Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, го критикуваше начинот на дејствување на незадоволните членови обединети околу таканаречената „платформа“. Во „Ноќно студио“ на 4ТВ порача дека предлозите за промени треба да се разгледуваат во партиските органи.

Герасимовски рече дека го разбира незадоволството кај дел од членството и го поддржува правото на различно мислење. Сепак, оцени дека јавните препукувања и неформалното испраќање насоки не помагаат во зајакнувањето на партијата.


„Здраво е да имаме различни ставови и размислувања, но непринципиелно е тие да се искажуваат преку медиуми, хотели и кафеани“, истакна тој.

Според него, отворената дебата треба да оди заедно со почитување на партиските процедури. Предупреди дека несогласувањата не треба да создаваат нови поделби во период кога СДСМ се обидува да се консолидира.

Герасимовски порача дека ќе се залага за обединување на членството и заедничко дејствување.

Можете да прочитате

Сообраќајка на мостот во Аеродром – мотоциклист повреден

Герасимовски: Катастрофална е состојбата во државата, но никој не собира храброст за протест

Герасимовски: ВМРО-ДПМНЕ покажа дека не знае да ја води државата