Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против Макрадули: Сомнежи дека неплатени долгови ја чинеле „Пошта“ речиси 11 милиони денари камата

Makraduli.jpeg

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против поранешен генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во соопштението пријавениот е наведен со иницијалите Ј.М., а повеќе медиуми објавија дека станува збор за Јани Макрадули. Сомнежите се однесуваат на непостапување по одлуки за исплата на долгови, поради што, според Финансиската полиција, компанијата била задолжена со дополнителни трошоци за казнена камата.


Според пријавата, во периодот од 2021 до 2022 година не биле реализирани одлуки и заклучоци на Управниот одбор за плаќање обврски кон два правни субјекта. Вкупниот долг изнесувал 19.292.984 денари.

Од Финансиската полиција наведуваат дека, иако била доставена потребната документација, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.

Поради неисплатените обврски, против „Пошта“ биле поведени судски постапки. Со судските пресуди биле утврдени и обврски за плаќање казнена камата, која, според пресметката наведена во пријавата, изнесува 10.968.483 денари.

Токму овој износ Финансиската полиција го наведува како штета причинета на државната компанија.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка во Скопје: 21-годишна девојка се превртела со автомобил, повредена и сопатничката

Наставник пријавен за физички напад врз ученик во основно училиште во Скопје

Паметни телефони, „паметни“ измами и обични луѓе