Утрински Весник
Скопје

Промовирана платформата „ЕкоСкопје“, полесно ќе може да се пријавуваат еколошки проблеми

860801945 1658406529245963 7597162301824241952 n.jpg

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше во промоцијата на платформата „ЕкоСкопје” (https://ekoskopje.skopje.gov.mk), ново дигитално решение со кое граѓаните полесно ќе пријавуваат еколошки проблеми, а градските служби ќе добиваат конкретни информации за поорганизирано постапување.

– Кога ќе забележите дива депонија, проблем со контејнер или друг еколошки проблем, преку платформата испраќате пријава со точна локација, фотографија и краток опис. Така, службите полесно ќе го пронајдат местото и ќе имаат појасна слика за состојбата на терен. По поднесувањето, можете да го следите статусот на пријавата. За граѓаните тоа значи полесно пријавување, поголем увид во постапувањето и подиректна комуникација со институциите. За нас, тоа е дополнителна обврска за одговорност и видливи резултати. Зад секоја пријава стои наш сограѓанин кој очекува решение.  Затоа, вредноста на оваа платформа ќе ја мериме преку решените проблеми и промените што граѓаните ќе ги почувствуваат во своето маало – изјави Ѓорѓиевски.


Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека продолжуваат вложувањата и во опрема и во дигитални решенија, а оваа апликација е пример како младинската идеја станува дело во служба на нашиот град.

– Набавивме 3.300 нови контејнери, најголемата ваква набавка во историјата на градот, како и нови камиони за собирање смет, цистерни и метларки. Во тек е и постапката за воведување видеонадзор, кој ќе помогне во откривањето и постапувањето против оние што намерно создаваат диви депонии. Јавната чистота е колективна одговорност. Наша должност е да обезбедиме услови и да постапуваме, а заедничка должност е да го чуваме градот. Технологијата ни дава нова можност, а нашата посветеност треба да ја претвори во почисто и поуредено Скопје. Вашата иницијатива покажува колку можат младите кога ќе добијат простор и поддршка. Во мене и во Град Скопје секогаш ќе имате партнер. Го унапредуваме Скопје, ги дигитализираме услугите и ја доближуваме градската управа до граѓаните – рече Ѓорѓиевски.Градоначалникот Ѓорѓиевски ги повика граѓаните да ја користат платформата и со точни локации, фотографии и корисни информации да придонесат за побрзо лоцирање на проблемите и изрази благодарност до Европската Унија за финансиската поддршка, до ЛЕАД, а особено до младиот Андреј и целиот тим ентузијасти кои со знаење, труд и верба во својата идеја ја создадоа „ЕкоСкопје”.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Над 200 камери ќе бидат поставени на критични точки низ Скопје за спречување на вандализмот

Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги стави во употреба новите специјални комунални возила