
Демократската унија за интеграција се спротивставува на обидите на министерот за правда, Јетон Шасивари, за кршење на Уставот и Законот за употреба на јазиците.
Според логиката на министерот Шасивари, правен јазик останува само македонскиот јазик, додека употребата на албанскиот јазик се третира како прашање за кое треба да се преговара, да се дискутира и да се уредува преку подзаконски акти.
Од право што произлегува од Уставот и законот, министерот нè сведува на подзаконски акти! Ова не е решение на проблемот, туку создавање нов проблем.
Во меѓувреме, министерот ја претставува средбата со студентите како извонредно достигнување. Но, од кога средбата со студентите стана политички успех, а спроведувањето на Уставот предмет на преговори?
Министерот за правда се претвора во министер за средби! Средби, консултации, разговори и ветувања, но албанските студенти и понатаму се соочуваат со истата пречка: неможноста да го полагаат правосудниот испит на албански јазик.
ДУИ оценува дека уставните права не можат да зависат од волјата на министерот, од резултатите на средбите или од толкувањата на подзаконските акти. Подзаконските акти треба да служат за спроведување на Уставот и законите, а не за нивно заменување или ограничување на правото што тие го гарантираат.
Албанскиот јазик на правосудниот испит не е прашање на компромис, туку прашање на еднаквост и почитување на уставниот поредок.

На студентите не им е потребна уште една средба што ќе биде прогласена за успех. Ним им е потребно јасно и целосно решение, во согласност со Уставот и законот.


