Утрински Весник
Македонија

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

20261020085005 big 730x400 76.webp.webp

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата Фејсбук-страница.

Тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму.


„Како што и досега имам изјавувано – државата е тука на долги стази. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на Министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов“, додаде министерот во објавата.

Можете да прочитате

Возела 142 км/ч на место каде максимално е дозволено 50 км/ч, приведена жена од ресенско

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО

СДСМ: Што е со 5 тони дрога, што е со 100 тони што се запленети пред камери