Утрински Весник
Балкан

Во Атина се очекуваат протести на студенти и на ученици

Grcija.webp.webp

Студенти и ученици ќе протестираат денеска и утре во Атина, јавија грчките медиуми.

Попладнево студентски организации ќе постават шаторски камп на плоштадот Синтагма пред зградата на парламентот. Протестот е насочен против високите трошоци за живот и образование.


Утре во 12 часот младинската организација на Грчката комунистичка партија (ККЕ) организира протестни демонстрации на ученици во центарот на грчката престолнина под слоганот „од Грција до Франција се бориме за државно и бесплатно образование“.

Портпаролката на полицијата истакна дека постои план за силите на редот и нема загриженост дека групи ќе пристигнат од странство за да создадат тензии.

Протестни демонстрации се планирани за утре во Солун и Патра. Исто така, е прогласен и национален штрајк на наставниците во средношколската фаза од јавното образование.

Можете да прочитате

Албанската влада разгледува намалување на возраста за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години

60 случаи на западнонилска треска во Србија

Фудбалот на плажа се враќа таму каде што започна: Светскиот куп повторно во Аланија