Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите економски политики

Vlen.webp.webp

Соопштение на ВЛЕН:

Подобрувањето на животниот стандард е во центарот на економските политики на Владата предводена од ВЛЕН.


Растот на платите и создавањето услови за подобар живот означуваат нов економски курс, за разлика од периодот на владеење на СДСМ-ДУИ, кога растот на приходите беше значително помал.

Просечната нето-плата во јули 2026 година достигна 48.499 денари, што претставува зголемување од 7.538 денари, односно 18,4% во споредба со јули 2024 година. Овој раст ја отсликува динамиката на платите во текот на актуелниот мандат и посветеноста на зголемувањето на приходите.

Разликата во однос на периодот на владеење на СДСМ-ДУИ се гледа и преку бројките. Во периодот од јуни 2017 до јуни 2019 година, просечната нето-плата се зголемила за 2.397 денари, односно 10,51%. Во периодот јули 2024 – јули 2026 година, номиналниот раст е повисок за 7,89 процентни поени.

Со години, економскиот раст не се одразуваше врз приходите во мерата што ја очекуваа семејствата. ВЛЕН се залага преку политики што ги поддржуваат трудот и економскиот развој да се создадат повеќе можности и поголема финансиска сигурност за семејствата.

Целта на Владата е зголемување на приходите, отворање работни места со повисоки плати и создавање услови за подобра иднина во земјата.

За ВЛЕН, подобрувањето на животниот стандард останува секојдневен приоритет, а не само политичко ветување.

Можете да прочитате

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

СДСМ: Што е со 5 тони дрога, што е со 100 тони што се запленети пред камери