Утрински Весник
Свет

Најмалку едно лице загина, тројца се повредени во рускиот напад врз Киев

Kiev napad.jpg

Најмалку едно лице е убиено, а тројца се повредени во рускиот напад врз Киев во текот на ноќта, соопшти воената администрација на градот.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека во нападот загинала 21-годишна девојка, објави Укринформ.


Руски ракетен напад врз Киев во текот на ноќта погоди медицински центар и образовна институција, а две метро станици беа привремено затворени поради нападот.

Можете да прочитате

Драма на летот Тел Авив – Виена: Закана со бомба го принуди пилотот да слета во Софија

Зеленски: Трамп нè турка во капитулација

Макрон вечерва се обрати до нацијата – Никој нема право да ја уништува Франција