
Вкупниот број повредени во протестите во Тирана во изминатите пет дена достигна 272, а во болница на лекување се задржани 12 демонстранти, соопшти денеска албанското Министерството за здравство.
За време на протестот вчера, повредени се вкупно 65 лица, објави албански Јуронуз.

Според последните податоци од албанското Министерството за здравство, меѓу повредените има 37 полицајци, 24 демонстранти и четворица минувачи, меѓу кои и едно малолетно лице.

