Утрински Весник
Македонија

Излезноста во Брвеница до 11 часот е 9,11 отсто

Dik glasanje.png

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 11 часот изнесува 9,11 отсто, а своето право на глас го оствариле 1.480 граѓани, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ од прес-конференција која се одржа во просториите на Општинската изборна комисија Брвеница.

Маричиќ, заедно со уште четворица членови на ДИК, ја посети Брвеница и обиколи шест избирачки места за да се увери во текот на изборниот процес.


Според Маричиќ, избирачкиот материјал бил навреме доставен, а членовите на избирачките одбори биле соодветно обучени.

Тој информираше дека гласањето започнало навреме, во 7 часот, на сите избирачки места и тече без никакви посериозни проблеми.

– Бидејќи се работи за една општина и можеме да постигнеме, тука дојдовме петмина членови. Се уверивме во редовниот и регуларен тек на гласањето, барем во тие шест избирачки места каде што бевме, а такви се извештаите и од сите места. Видовме дека нема поголем застој, дека има интензивни обиди, можеби еднаш, два, три пати на лица коишто веднаш не ги чита апаратот, меѓутоа гласањето секаде се одвива без поголеми проблеми. Тоа што ние го видовме е дека се тече во најдобар ред и тоа ни го кажаа и претставниците на избирачките одбори- рече Маричиќ.

Можете да прочитате

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти

Засилени сообраќајни контроли во Скопје

Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица, запленети дрога, оружје и муниција