Утрински Весник
Македонија

Пиштол и голема количина кокаин најдени во домот на 57-годишник од Голема Речица

854627947 1500006305269866 8406021068056642307 n.jpg

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речица кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.


За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда

Фирма од Струмица од 2020 до 2026 година неовластено вршела увоз, складирање и продажба на хемикалии