Утрински Весник
Свет

Зеленски до лидерите во ЕУ: Војната ќе чини 155 милијарди евра, Ве молам најдете начин да ги обезбедите

Ukraina.webp.webp

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера побара од лидерите на Европската Унија дополнителна поддршка за Украина во наредните години, јави ДПА.

„Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година и ни требаат уште најмалку 70 милијарди евра од вас за одбрана, за оружје“, изјави Зеленски на самитот на ЕУ во Брисел.


Ова е „реална сума“, рече тој, додавајќи: „Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“.

Минатиот месец, украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко рече дека на земјата ѝ недостасуваат 32,6 милијарди долари економска поддршка и 45 милијарди долари за одбрана.

ЕУ лани создаде механизам за поддршка на заеми за Киев во вкупна вредност од 90 милијарди евра за 2026 и 2027 година и ги повикува меѓународните партнери на Украина да ја зголемат својата финансиска помош.

Можете да прочитате

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп – Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“

Германските служби за вработување бараат од владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“