
Три деца и еден наставник беа убиени во напад од вооружен човек во основно училиште во градот Бенд, во американската држава Орегон, додека осомничениот за нападот е исто така мртов, изјави локалниот началник на полицијата Мајк Кранц.

Вчера, четврток, во основното училиште „Силвер Реил“ се вклучи аларм откако полицијата доби повици на 911 за напад на вооружен човек. На местото на настанот беа испратени силни полициски сили, кои го блокираа училишниот комплекс.
Според Кранц, како што објави Си-Ен-Ен, граѓанин го видел тинејџерот како влегува во основното училиште „Силвер Реил“ околу 13 часот, го следел и го убил во размена на оган, пред полицијата да пристигне на местото на настанот.


