
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го спореди украинскиот претседател Володимир Зеленски со американскиот шоумен и претприемач Финеас Тејлор Барнум, основач на патувачкиот циркус.

Трамп ја даде оваа изјава во интервју за телевизијата „Њузмакс“ на 15 октомври.
„Го викам П. Т. Барнум“, рече Трамп, алудирајќи на познатиот американски шоумен.
Според Трамп, администрацијата на неговиот претходник, Џозеф Бајден, испорачала големи количини оружје на Украина без Киев да мора да плати за нив.

На 3 март, во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп ја критикуваше финансиската политика на претходната администрација кон Украина. Во таа прилика, тој го нарече Зеленски „украинскиот П. Т. Барнум“, алудирајќи на способноста на американскиот шоумен да привлекува публика и да промовира разни атракции.

