Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш

Miczkoski.jpg

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју за „Клик плус“ на ТВ21 на тема за можни предвремени избори, истакна дека можно е, никогаш не треба да се вели никогаш, но Владата работи за мандат од четири години, иако ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш е подготвена за избори.

Премиерот Мицкоски додава дека во политиката никогаш не треба да се вели никогаш, тоа е најголемата грешка што поединци ја прават, односно дека секогаш треба да имате подотворена врата за секоја политика.


„Тоа што сакам да го кажам и го кажувам е дека оваа Влада има мандат од четири години. Еве, ние зборуваме за до крајот на мандатот зарем може просечната плата да биде 60.000 денари. Јас велам: може да, може не, но ќе сториме сѐ за да се приближиме до таа граница од 60.000 денари. Така што, ние сме подготвени секогаш за избори како политичка партија, но работиме за целосен мандат од четири години, за што сме го добиле легитимитетот од граѓаните“, потенцира Мицкоски.

Во врска со коалицискиот партнер ВЛЕН во Владата, премиерот Мицкоски истакна дека е многу задоволен од нивните министри и сѐ функционира партнерски.

„Ние функционираме партнерски во Владата, јас сум задоволен од работата на луѓето од ВЛЕН. Апсолутно сум многу позадоволен од капацитетот на тие луѓе отколку од капацитетот на министрите на ДУИ по 20 години власт“, нагласи Мицкоски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Бугарија станува прибежиште за криминалци – случајот со Ива Михаилова ќе го отвориме пред НАТО и ЕУ

Треновски: Не очекувајте големо поевтинување на становите, но цените може да стагнираат

Треновски: Иселувањето на младите е најскапиот извоз на Македонија