Утрински Весник
Свет

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите

Nafta.webp.webp

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денеска објави дека нејзините членови постигнале договор за ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите, како дел од интервенцијата почната во март.

Членовите ќе го забрзаат пласирањето нафта и деривати на пазарот, што вклучува 20 милиони нафта и дизел што треба да бидат испорачани на пазарот „што е можно поскоро“, соопшти ИЕА по состанокот на Одборот на директори.


Како дел од заедничката акција, ИЕА пласираше околу 330 милиони барели нафта на светскиот пазар од март.

Членовите се согласија дека преостанатите 100 милиони барели треба да бидат достапни што е можно поскоро, земајќи ги предвид посебните околности во поединечните земји.

Вкупната количина на нафта што треба да се ослободи може да ги надмине првично најавените 400 милиони барели, бидејќи некои членови веќе пласираа на пазарот повеќе количини отколку што првично ветија.

ИЕА ги повика членовите со капацитети за производство и рафинирање да ги зголемат испораките на сурова нафта и рафинирани нафтени производи, особено дизел, а исто така ја нагласи важноста на непречениот развој на меѓународната трговија со енергија.

Можете да прочитате

Австриската влада потроши 5,8 милиони евра за рекламирање во првата половина од годината

Над пет милиони луѓе во Италија живеат во апсолутна сиромаштија

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција