Утрински Весник
Македонија

Реакција на СДСМ на Антонио Милошоски

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

СДСМ ги оцени како лага тврдењата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, дека претходната власт оставила можност за ново бугарско вето, овојпат за вклучувањето на македонскиот јазик меѓу службените јазици на Европската Унија.

„Антонио Милошоски пишува дека СДСМ оставила отворена врата за ново бугарско вето, овојпат за македонскиот јазик во ЕУ. 


Каква лага!

Како може да каже дека претседателката на Европската комисија лаже? 

Таа му кажа на Мицкоски в лице: Европа ве чека со вашиот идентитет и вашиот јазик. 

Мицкоски рече: Преспа е ремек-дело на дипломатијата. Сиљановска рече: јазикот и идентитетот се заштитени, тоа е апсолвирано. Македонија на чист македонски јазик го потпиша договорот за Фронтекс. 

Сè стои. Сè е потврдено. Од претседателката на Комисијата, од претседателката на државата, од самиот арамија.

Доста повеќе со лаги. Не можете да кажете дека Урсула фон дер Лајен лаже. Не можете да ја препишете вистината на претходната влада, па да ја обвините за тоа што самите го блокирате европскиот пат. 

Реформите стојат во место. Вториот рок истече, на 1. јуни беше ветувањето. Нема ни глас од тоа ветување. Затоа патоказ добиваат другите земји, додека Македонија е во изолација.

СДСМ пред изборите кажа, а денес тоа е и на хартија и во лице- дека јазикот и идентитетот се заштитени. 

Бандата бега од Лаура Ковеши, не од Бугарија. 

Народот гледа. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните, а бандата ќе одговара и пред независното судство и пред Лаура Ковеши“, стои во реакцијата од СДСМ.

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Фејсбук објави дека преговарачката рамка со ЕУ не гарантира дека македонскиот јазик автоматски ќе стане еден од службените јазици на Унијата. Повикувајќи се на европските договори, Милошоски посочи дека за вклучување нов службен јазик е потребна едногласна одлука на Советот на ЕУ, што значи дека и една земја членка би можела да го блокира процесот.

Според него, декларацијата што Бугарија ја доставила до Советот на ЕУ во јули 2022 година, во која се наведува дека споменувањето на македонскиот јазик во преговарачката рамка не значи негово признавање од Софија, претставува ризик од ново бугарско вето.

Милошоски ја обвини претходната влада на СДСМ и ДУИ дека со прифаќањето на францускиот предлог оставила отворена можност за дополнителни блокади на европскиот пат на Македонија. Според него, за обезбедување на статусот на македонскиот јазик како службен јазик на ЕУ ќе бидат потребни сериозни дипломатски напори и поддршка од земјите членки.

Можете да прочитате

Треновски: Може да имаме поголеми плати, а да живееме исто како денес

Филипче со порака до Мицкоски: СДСМ не можеш и нема да ја уништиш

Божиновска на TECHMECH 2026: Зелената транзиција отвора нови можности за младите инженери