Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Македонска песна и оро утре на „Боемска” со КУД „Орце Николов”, Блага Петреска и Наум Петрески

78 kreativa.jpg

Општина Центар утре, 16 октомври, го организира настанот „7/8 Центарски такт”, посветен на македонската народна песна и фолклорната традиција. На Боемска улица 1, граѓаните ќе можат да уживаат во вечер исполнета со музика, народни носии и дружење.

Програмата започнува во 18:00 часот со дефиле на КУД „Орце Николов”, а во рамки на настанот ќе биде поставена и изложба на народни носии. Официјалниот почеток и музичката програма се закажани за 20:00 часот, со настапи на ВИС „Интрада”, Блага Петреска, Наум Петрески и Тули.


„Македонската песна има посебно место во секој наш дом. Со неа сме растеле, сме се радувале и сме ги одбележувале најважните моменти во животот. Со овој настан сакаме да ја споделиме таа љубов и со помладите генерации, затоа што традицијата се чува кога ја живееме и ја пренесуваме. Ги поканувам граѓаните да ни се придружат на Боемска, да запееме и заедно да уживаме во богатството на македонската музика и фолклор”, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Со „7/8 Центарски такт”, Општина Центар продолжува да поддржува настани што го негуваат културното наследство и ја доближуваат македонската традиција до сите генерации.

Можете да прочитате

Ништо од долгоочекуваниот лунапарк – Град Скопје го раскинал договорот вреден 10 милиони евра

Средба со бордот на директори од ЕБОР – Скопје заслужува големи проекти и резултати што ќе го менуваат животот на граѓаните 

Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана” нема да го ставам на дневен ред на Советот