Утрински Весник
Македонија

Кривична за специјалаец, пукал со службениот пиштол надвор од работното време

Pistol 1.jpg

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.Н. поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен во Одделот за специјални полициски операции при МВР, на 01.08.2026, надвор од работно време, во два наврати, пред угостителски објект и на плоштадот во Кратово, испукал повеќе куршуми во воздух од службениот пиштол кој го должел.


Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка – суспензија.

Можете да прочитате

Антонио Јолевски назначен на местото на осомничениот обвинител Пецо Везировски

Започнува вакцинацијата против сезонски грип, еве како да се пријавите

Одбраната на Груби се оградува од синоќешниот дочек во Чаир