Утрински Весник
Македонија

Царинска управа: пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

1 68.jpg

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.

Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја.


Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Можете да прочитате

Европски пат низ призма на одложено дејство или ново одложување на европската иднина?

Запален службениот автомобил што го користел заменик-директорот на Државна лотарија

ВЛЕН: Коридорот 8, инвестиција во економскиот развој и европската иднина