Утрински Весник
Свет

ЕК за најавеното „енергетско примирје’: Украина е подготвена да го почитува, но руските напади продолжуваат

Evropskata komisija.webp.webp

Европската комисија го поздрави „енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина што го најавија САД, но посочи дека засега не гледа никакви знаци дека руската страна го почитува овој договор. Портпарол на ЕК на прес-конференција истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази подготвеност да го почитува договореното, но руските напади врз Украина продолжуваат и во последните денови.

– За жал, не гледаме знаци дека Русија го почитува таквиот договор, изјави портпаролот на ЕК, одговарајќи на новинарски прашања и додавајќи дека, освен објавената изјава, Комисијата нема дополнителни детали за ова прашање.


Тој потенцираше дека Европската Унија, заедно со САД, вложува континуирани напори за да се стави крај на војната во Украина.

На прашањето дали ЕУ би ги укинала ограничувањата за увоз на руски фосилни горива, портпаролот објасни дека Европа го завршува процесот на ослободување од зависноста од овој увоз.

– Секако, не сакаме да ја поддржуваме војната преку купување на овие горива, заклучи портпаролот.

Можете да прочитате

НАТО: Ако некој е толку глупав да нè нападне, ќе се бориме и ќе победиме

Меѓународниот аеродром во Ријад ќе остане затворен најмалку до четврток

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција