Утрински Весник
Балкан

Убиен 29-годишник во село кај Гнилане, неговиот татко осомничен и во бегство

Whatsapp image 2026 04 09 at 15.02.37.jpeg

Маж на возраст од 29 години беше убиен со огнено оружје вечерта на 11 октомври во селото Пограѓе, во општина Гнилане, Косово. Според првичните информации на косовските медиуми, за убиството е осомничен неговиот татко, кој по настанот побегнал.

Портпаролот на регионалната полиција во Гнилане, Валон Османи, потврди дека полицијата околу 19:30 часот добила пријава за пукање. На местото пристигнала и екипа на итната медицинска помош, која констатирала смрт кај младиот маж.


Според досега објавените информации, осомничениот се оддалечил со автомобил. Полициските единици трагаат по него, а истовремено се преземаат дејствија за утврдување на околностите под кои се случило убиството.

Мотивот засега не е утврден. Истрагата треба да ги разјасни причините за пукањето и одговорноста на осомничениот.

Можете да прочитате

Студенти и граѓани од три правци одат кон Белград: Колони пристигнуваат на 22 октомври за предизборниот митинг на Студентската листа

ХОРОР ВО СОЛУН: Пијан возач влета со автомобил во преполна таверна

На едрилица кај грчкиот остров Хиос откриени и запленети 360,7 килограми канабис – уапсени двајца Украинци