Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување

Dui 1 750x430 1.jpeg


Соопштение за јавност на ДУИ:

Европската комисија јасно стави до знаење: патокази за пристапување ќе бидат подготвени за Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина. Северна Македонија не е на листата.

Некогаш бевме први во регионот. Денес сите одат напред, додека ние остануваме во место.

Ова е директна последица на политиките на оваа Влада. За две години не понудија ниту едно решение, не отворија ниту едно поглавје и не направија ниту еден чекор напред. Само оправдувања, конфликти и обвинувања кон другите.

Сега доаѓа сметката. Другите ќе имаат план, рокови и подобар пристап до европските фондови и пазарот на ЕУ. Северна Македонија се оддалечува од групата земји што напредуваат кон членство.

Владата мора да им одговори на граѓаните: зошто останавме надвор, кој е планот и колку ќе ја чини државата оваа блокада?

Одговорноста е на Владата. Ја презедоа државата со отворен пристапен процес, а ја оставаат без пат, без рок и надвор од мапата на проширувањето.

Европа оди напред. Албанија и Црна Гора одат напред. Само Северна Македонија е држена како заложник од оваа Влада.


Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Во улога на бугарски амбасадор и на страната на Румен Радев, Филипче договара ново предавство на Македонија

Михаилова замина во Бугарија без судска дозвола: Рауфи затекнат, се проверува преминувањето на границата

Македонската книжевност со успешно претставување на Саемот на книгата во Франкфурт